Интер носи големо засилување од Лацио


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер одлично ја започна сезоната, но во последно време „нероаѕурите“ влегоа во криза, што е јасен знак дека на тимот му се потребни засилувања.

„Газета дело Спорт“ во денешното издание открива дека Интер следното лето ќе донесе неколку големи засилувања, а едно такво би можечло да пристигне од Лацио.

Станува збор за Филипе Андерсон кој влезе во конфликт со тренерот Симоне Инзаги, па на лето сигурно ќе ја промени средината. Да потсетиме, Бразилецот експлодираше пред две години тогаш беше многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, но остана на „Олимпико“.

Сега Интер сака да ја искористи новоностанатата ситуација и е спремен да понуди 20 милиони евра за неговиот потпис.