Интер конечно го доведува посакуваниот лев бек!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер ова лето доведе две засилувања, Милан Шкриниар од Сампдорија и Борха Валеро од Фиорентина, а италијанските медиуми пренесуваат дека на прагот е третото засилување за „нероаѕурите“.

Имено, еден од приоритетите на миланскиот гигант е доведување на лев бек, а прва мета е играчот на Ница, Долберт Енрике.

Овој 23-годишен Бразилец имаше одлична сезона во францускиот клуб и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но најконкретен е интересот на Интер.

Долберт веќе има постигнато договор со „нероаѕурите“ и инисистира да се пресели во Милано, а медиумите пренесуваат дека и двата клуба се блиску до договор.

Имено, Интер испратил понуда од 15 милиони евра плус 5 милиони како бонуси, понуда која најверојатно ќе ја прифати францускиот клуб.