Интер го чисти вишокот: Еве кој заминува од Милано!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер оваа зима ќе прави чистка во тимот и на неколку фудбалери ќе има ја отвори излезната врата бидејќи не се во плановите на тренерот Пиоли.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Аталанта веќе преговара со Родриго Паласио и тој би требало да се пресели во Бергамо оваа зима и таму ќе ја обнови соработката со неговиот поранешен тренер Гасперини.

Друг фудбалер кој сигуно го напушта Интер е Филипе Мело. Бразилецот добил дозвола да преговара со Палмериас и неговото враќање во Бразил е се поизвесно.

На излезна врата од „Џузепе Меаца“ е и Стеван Јоветиќ за коги инерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, како и Фиорентина и Севиља.