Инстаграм воведува новина за своите корисници

Инстаграм

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Друштвената мрежа Инстаграм воводува нова можност за корисниците, а тоа е придружување на снимките во живо.

За време на летниот период е спроведено тестирање, а во октомври услугата беше овозможена за одреден број на корисници. Конечно Инстаграм ја воведува оваа опција достапна за сите корисници на оваа друштвена мрежа.

Снимките во живо на Инстаграм овозможуваат корисниците да ги гледаат во живо своите пријатели и да пишуваат коментари. Сега со помош на оваа нова опција ќе можат да се придружат на снимките во живо со испраќање на барање.