Инстаграм сензација: Ослабе 57 килограми на најлесен начин


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Многу пати сме чуле дека за квалитетна диета потребно е повеќе движење и помалку внесување калории. Но, во последно време на социјалните мрежи се шири нов тренд – таканаречена селфи диета.

Се смета дека документирањето на сопствениот напредок од ден во ден може позитивно да влијае на нашата мотивација за слабеењето. Дека оваа диета стана доста популарна говори и сè поголемиот број на мобилни апликации со кои може да се води фото-дневник и на тој начин да се следи напредокот.

Се смета дека овој тренд е започнат од Џастин МекКејб, која после самоубиството на нејзиниот сопруг одлучила во целост да направи пресврт во својот живот. Тогаш имала над 140 килограми, а вели дека првото селфи во теретана го направила за сликата да ја прати на своето семејство и да докаже дека навистина отишла во теретана.

Со тоа почнало нејзиното водење фото-дневник преку сликање на селфи фотки секој ден после вежбањето, рутина која почнале да ја применуваат и други. Денес има 85 килограми и е вистинска ѕвезда на Инстаграм.