Иниеста одлучи: Во Кина ќе заработува БОГАТСТВО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонскиот медиум „Диарио Спорт“ минатата недела ексклузивно објави дека Андрес Иниеста на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во Кина.

Иниеста пред неколку месеци потпиша доживотен договор со Барселона, но со клаузула која му гарантира непречено да замине кога што ќе посака.

Меѓутоа, неодамна се појави кинескиот клуб Тианжин кој на Иниеста му престави финансиска понуда која едноставно не се одбива.

Хосе Антонио Иниеста потврди за шпанските медиуми дека неговиот син ја прифатил понудата на Тианжин. Според последните информации Иниеста ќе потпише двегодишен договор според кој ќе заработува 20 милиони евра по сезона.

Барселона нема да заработи ништо од трансферот, а Тианжин нема да плаќа трансферен данок бидејќи Шпанецот во клубот ќе пристигне како слободен играч.