Инфраструктурата во регионот уште каска во 20 век


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во ера на технолошки иновации и забрзан развој, регионот уште го мачат старите болки на лоша инфраструктурна поврзаност помеѓу земјите. Токму поврзаноста е главната тема на Самитот 100 во Скопје на кој учествуваат повеќе од 150 бизнис и политички лидери од регионот. Стопанствениците посочија дека се подготвени да работат на создавање единствен регионален пазар и поконкурентна економија, но за тоа е неопходно прво државите да си ја завршат својата работа.

„Последниот пат кога патував со авион од Сараево за Скопје транзитирав преку Истанбул и Виена што слушнав дека е сличен случај со повеќето присутни тука. Сон на Самит 100 кој се надеваме дека во догледно време ќе прерасне во реалност е побрз проток на добра и луѓе во регионот“, изјави Живко Мукаетов, претседател на УО на Самит

Иако визијата на Самитот 100 е зелена мобилност односно поглема поврзаност со што е можно помало загадување, вицепремиерот Кочо Анѓушев посочи дека треба да се вратиме чекор назад и да ги научиме основните лекции.

„Прво, ние мораме да изградиме добра инфраструктура. Не можеме да зборуваме за e-mobility ако имаме два соседни града во две соседни држави кои се на 250 километри далечина, а ние патуваме по пет часа до таму. Мислам на Софија и на Тирана“, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

Еврокомесарката за транспорт Виолета Булц порача дека земјите од Западен Балкан мора да работат на формирање единствена економска зона и при тоа да ја користат поддршката на Брисел.

„Без транспорт и меѓугранична поврзаност ова не може да биде имплементирано. Железницата е најдобар начин да се оди напред, бидејќи во исто време се справувате со предизвиците на декарбонизација“, рече Виолета Булц, Еврокомесар за транспорт.

Во текот на Самитот е најавено почнување на реализација на регионалниот проектот „Едисон“ за електрификација на автопатиштата во регионот, односно поставување станици за полнење на електрични автомобили.