Инфаркт драма на Босфорот: Фенербахче кралеви на тагата – исфрлени од купот после 120 минути фудбал и 26 пенали


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ваква драма како таа на Босфорот ретко се гледа, и голема тага за играчите, стручниот штаб и навивачите на Фенербахче. Очајната сезона на „Канаринците“ доби уште едно траорно поглавје. За великанот од Истанбул и вториот домашен трофеј оваа сезона ќе остане неотсонуван сон.

Фенербахче имаше одличен резултат од првиот дуел, но после големата и епска драма се радуваа играчите на Истанбул Башакшехир. Гостите најпрвин извлекоа продолженија (2:2), а потоа издржаа уште половина час игра и со триумф ја крунисаа маратонската серија пенали со 9:10.

Пеналите сјајно ги изведуваа и едните и другите во првите пет серии, а потоа прво промашување забележа Шкртел. Му се „реваншираше“ Наполеони и ја пропушти првата меч топка за Истанбул.

Најприсебен во 13-та серија беше Емануел Адебајор.