Екстра

Импресивна глетка: Нуркач го сними Азурниот прозорец


Малта беше шокирана кога пред неколку месеци се сруши најпрепознатливата туристичка атракција, Азурниот прозорец, што се наоѓа на островот Гозо.

Популарната карпа по силното невреме, се урна во морето. Сепак, карпата го продолжила својот живот под вода и сега може да ја видат само храбрите нуркачи.

„Големата бела карпа со свежи пукнатини изгледа навистина импресивно. Сепак, во следните неколку месеци нејзиниот изглед драстично ќе се промени. Ќе ја прекријат алги и ќе стане зелена. Нов живот ќе ја покрие оваа остра карпа така што нуркачите брзаат да ја видат во сегашната состојба“, изјави Конрад Бар од агенцијата „Фемили дајвинг Гозо“.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top