Живот

ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО АЛКОХОЛОТ? Список од симптоми кои упатуваат на опасната зависност!


Од чаша вино после ручек до пиво со друштвото – многумина често си дозволуваат уживање со алкохол. Но, како да знаете дали сте ја преминале границата и веќе сте станале зависни?

Експертите предупредуваат дека голем број луѓе претеруваат со алкохолот, како и дека да се намали со пиењето или да се прекине е потешко отколку што се мисли. Не, само што претераното пиење го уништува црниот дроб, коските и мозочните клетки, туку го зголемува ризикот од депресија и развод на бракот.

Всушност, алкохолот предизвикува повеќе проблеми отколку одредени т.н. лесни дроги. „Алкохолот смирува, предизвикува зависност и е причинител на многу болести и несреќи“, предипредуваат експертите.



ДАЛИ ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО АЛКОХОЛОТ?

Психијатрите направија список на класични симптоми кои покажуваат дали вашето пиење веќе е загрижувачко. Еве ги:

– Редовно пиете алкохол за да се справите со лутината, фрустрациите, тешкотиите или депресијата. Чувствувате дека мора да се напиете, а не затоа што сакате.
– Редовно пиете алкохол за да имате самодоверба.


– Вашето пиење влијае на вашите односи со другите луѓе – ви велат дека кога ќе се напиете, станувате проблематични или агресивни. Незгодно им е кога пиете.
– Престанувате да правите други работи за да се напиете – другите работи ви стануваат помалку важни од пиењето.
– Продолжувате да пиете иако гледате дека алкохолот ви пречи на работата, во семејството или во односите.
– Криете колку пиете од пријателите и семејството.


– Пиењето ви прави да се чувствувате одвратно, зловолно или да размислувате за самоубиство – но продолжувате и покрај тоа.
– Почнувате да пиете се порано и порано или треба да пиете се повеќе и повеќе за да се чувствувате подобро.
– Имате дупки во меморијата и не можете да се сетите што се случило пред неколку дена или пак часа.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top