Имаме брачен рекорд: Пар од Херцеговина се разведе по само три дена брак


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Свадбите во Херцеговина се познати о големите прослави кои вклучуваат и по неколку стотици луѓе, а Херцеговците ги бие глас дека се конзервативни и дека разводот таму е вистинска реткост.

Сепак, овие денови, оваа балканска држава врие поради разводот кој бил инициран после само три дена откако завршила свадбата.

Брачен пар од Требиње се венчале во сабота, а барањето за развод го поднесле до судот средната среда. Брачната идила траела само три дена, а веродостојноста на приказната ја потврди матичарот Васо Чихориќ, кој за тамошните медиуми изјави дека е вистина оти младенците престанале да живеат заедно после три дена брак. Но, законскиот развод следел нешто подоцна, поради формалните процедури.

Оваа вест повторно ја актуелизираше приказната од Бихаќ, според која невестата побегнала на самата свадба уште пред да се стемни. Наводно, била принудена на брак со Босанец, па побегнала преку граница со својот дечко од Германија. Но, бидејќи оваа приказна никогаш не беше потврдена како веродостојна, парот од Требиње веројатно го држи рекордот за најкраток брак.