Има врска со црквата: Нема да верувате што се случува ако гледате порно еднаш неделно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќето од вас сигурно познавате барем една личност што, онака, „религиозно“ гледа порничи, без да е свесна колку навистина религијата има врска со порнографијата.

Да бидеме поконкретни, за да не нè сфатите погрешно. Едно скоро направено истражување покажа дека луѓето кои гледаат порнографски содржини еднаш неделно се посклони да бидат религиозни од оние кои во порнографијата уживаат поретко од тоа.

Авторите на истражувањето веруваат дека можно е луѓето да се молат после гледање на порно филм, со цел да си ги искупат сторените „гревови“, па со тек на време, поради таа пракса, да стануваат сè поголеми верници.

Семјуел Пери ги анализираше податоците од над 1.300 Американци во текот на шест години, со цел да утврди на кој начин гледањето порнографија влијае врз верските убедувања.

„Оние кои најчесто гледале порно филмови, според истражувањето се религиозни, односно повеќе се молеле и оделе на миса, од оние кои од време на време ѕирнувале понекој порнич. Оние кои гледале порно еднаш неделно или почесто во 2006 година, до 2012 повеќе се молеле или оделе во црква од оние кои гледале порнографија еднаш месечно или поретко“, вели Пери за Independent.

Студијата објавена во Journal of Sex Research покажа дека луѓето кои никогаш не гледале порно филмови се верски најпосветени и никогаш не се сомневале во својата вера. Од друга страна, луѓето кои гледале порнографија еднаш месечно или поретко, со време станувале сè помалку религиозни.

Луѓето кои уживале во порнографски содржини почесто, со текот на времето станувале сè порелигиозни и сè помалку се сомневале во својата вера.

Пери има неколку теории зошто е тоа така. Една се однесува на покајувањето, односно дека луѓето чувствувале помалку вина откако ќе се помолеле или појделе во црква после гледање порнографија, а со време веќе не гледале судир помеѓу гледањето порничи и религијата.

„Порнографијата им станала толку вообичаена, како миење заби или вежбање, што веќе не чувствуваат вина. Тоа им овозможува да бидат доста религиозни, додека истовремено коирстат порнографија со зачестена фреквенција“, вели тој.