Има трајни трауми: ИСИС киднапирале тригодишно дете оти се викало Меси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тригодишното дете кому родителите му дале име по светски познатиот фудбалер Меси, поминало 2 години во заточеништво со мајка му и сестра му од страна на Исламската држава. Од мајката барале да му го смени името на детето и тоа да се вика Хасан.

Гревот на детето, според ИСИС, било неговото име. Тоа, заедно со неговата мајка и сестра, во 2014 било киднапирнао од неговиот дом во северен Ирак. По две години во заточеништво, детето е спасено и сега живее во бегалски камп.

Но тие две години биле пеколни. Од семејството на детето ИСИС постојано барале откуп, иако тие воопшто немале пари.

Момчето кое денеска има 5 години, не останало без последици. Одвај зборува, кога ќе го повикаат по името Меси ја врти главата со негодување, и наместо со топка, сака да игра со пиштоли, пишува Дејли меил.