Има само 24 години, а на сметка веќе има половина милијарда долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Forbes неодамна ја објави листата со најголеми криптобогаташи, а најмладиот на тој список е 24-годишниот Виталик Бутерин, кој на само 19 години ја основаше алтернативната криптовалута на биткоинот – познатиот етереум (ethereum), чија нето вредност денес се проценува на 400-500 милиони долари.

Бутерин стана голема ѕвезда во светот на криптовалутите и пред Forbes да почне да пишува за него, а на Твитер го следат над 680.000 луѓе. На листата 40 Under 40 уште лани беше вброен од страна на Fortune.com, кои го нарекоа „младиот гениј кој стои зад втората најпопуларна криптовалута на светот“.

Embed from Getty Images

Роден е во Москва во 1994 година, а кога имал само шест години со семејството се преселиле во Канада, каде учел школо. Од 2007 година играл World of Warcraft, но тогаш, како што вели, Blizzard му ја променил омилената магија, па „заспал плачејќи и наскоро одлучил да се откаже од играта“.

Во 2011 година, во потрага по смисла за живот, како што тоа духовно го опиша на својата веб страна, го открил биткоинот, кој веднаш го заинтригирал. Во 2012 година освоил бронзен медал на Меѓународната олимпијада за информатичари, а и математиката отсекогаш одлично му одела. За криптовалутите најпрвин учел од својот татко, а потоа впивал сè што ќе најдел на таа тема, за која набрзо станал експерт.

Во 2012 година се запишал на факултет, но сфатил дека криптовалутите му одземаат премногу време, па се отпишал од високото образование и остатокот од годината го поминал патувајќи по светот, при што ја користел секоја прилика за да разговара со експертите за криптовалути. Откако се вратил во Торонто, почнал да го развива познатиот етерум, а останатото, како што се вели, е историја.

Пазараната капитализација на етериумот од Бутерин денес е 100 милијарди американски долари, а соработува со Microsoft, BP и JP Morgan.