Има и потерсене од него: Трамп налета на „потврд орев“ за ракување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот претседател Доналд Трамп конечно најде некој рамен на себе си. Барем кога во прашање е ракувањето.

Ракувањето на Трамп привлече големо внимание на светските медиуми. Американскиот претседател често е многу неформален во крајно формални прилики, па така неговото ракување со светските официјалните лица траеја долго и често енергично, дури и кога се жените во прашање.

Благодарение на претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон и самиот имаше можност да ја почуствува непријатноста во која ги доведува другите.

Рахмон и Трамп се сретнаа во Саудиска Арабија овој викенд. Рахмон го „потресе“ Трамп токму онака како што тоа тој го прави со другите.

На присутните им се чинеше дека американскиот претседател на сите начини се обидувал да се извлече од цврстото стегање на својот соговорник, но како да немал доволно сили.