Има краток фитил: Жозе, брат, овој е позабеган од тебе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со години успева противничките тренери на теренот, со специфични и карактеристични провокации да ги „вади од кожа и такт“, но оваа сезона Жозе Мурињо налета на „потврд орев“ од себе и полуд табиет од неговиот.

Антонио Конте не само што е опасен фудбалски стратег, туку е сериозно опасна фаца кога ќе му „падне мрак на очи“. Во дуелот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед синоќа, двајцата темпераментни тренери мораа да ги разделуваат судиите. И додека Жозе делуваше питомо како мирно маче, Конте првин делуваше како психопат, кога судијата Мајкл Оливер им пријде за да ја смири ситуцијата…па, повторно исто така.

Изразите на лицата говорат доволно.