Им избега со лисици: Пукање во Струмица при обид за апсење на машко лице (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полицајци во цивилка пукале во воздух откако се обиделе да приведат момче во Турското маало во Струмица.

Инцидентот се случил околу 18:00 часот на улицата Бетовенова. Лицата пред момчето се претставиле дека се инспектори од МВР и по неколкуминутна расправија му ставиле лисици.

Момчето со лисици успеало да избега и да се скрие зад толпата која не дозволувала да биде приведено.

ОД МВР велат дека настанот не е затворен, но потврдија дека двајца инспектори наишле на отпор при обид да приведат осомничено лице. Велат дека инспекторите биле физички нападнати при што испукале куршуми во воздух за да ја заплашат масата народ.

При судирот инспекторите се здобиле со повреди и се пренесени во општата болница во Струмица. Причините за инцидентот дополнително ќе се утврдуваат. Од МВР најавуваат повеќе информации за денешниот ден.