Игор Милев и Виолета Дума поднесоа оставки од ДИК и ги вратија парите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Членовите на Државната изборна комсија Виолета Дума и Игор Милев утрово поднеле оставки од функциите и ги вратија парите и бонусите во буџетот.

Тие ги доставиле оставките до Собранието на Република Македонија.Во нив е наведено дека оставката ја поднесуваат од лични причини.

Во исто време, двајцата членови кои беа по предлог на сега владејачката СДСМ, ги вратиле и парите во Буџетот кои им беа определени со одлука на ДИК како надомест за спроведените избори во 2017 година.

За разрешување на член на ДИК, односно констатирање на оставката во овој случај, треба да гласаат 2/3 од пратениците во Собранието.

Во меѓувреме, до Собранието оставка поднел и Претседателот на ДИК Александар Чичаковски. Според процедурите, ДИК треба да им издаде уверенија и на пратеници кои доаѓаат на местото на тие кои во меѓувреме поднесоа оставки, но целиот процес може да биде закочен.