Ибра: Новинарите се платени да пишуваат, јас да им ги затворам устите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ ова лето се пресели во Манчестер Јунајтед, па многумина беа скептици дека нема да успее во Премир лигата.

Сепак, иако има 35 години Ибра е најдобар стрелец во Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите фудбалери оваа сезона на Островот.

„Верувајте, критиките ми даваат многу енергија. Тие се платени да зборуваат глупости, а јас заработувам со своите нозе. Затоа моментално уживам во фудбалот, се чувствувам одлично, но не знам уште колку време ќе играм. Кога пристигнав во Англија многу луѓе говореа дека нема да успеам тука, а јас по само шест месеци им ги затворив устите“, изјави Златан.

„Мора да го прилагодите телото на начинот на игра во одредена земја. Вистина е дека во Премиер лигата секој натпревар многу тежок, но јас дојдов спремен. Единствено ме изненади што во мечот никогаш не доминира еден тим туку постојано се менува ритамот. Сепак, важен е тимот, трофеите, а не колку голови ќе постигне некој играч“, заклучи Швеѓанецот.