И положбата на спиење е битна за подобро здравје


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Едно неодамнешно истражување покажало дека за здрав живот, освен должината на сонот, многу битна е и положбата во која спиете, а спиењето на левата страна се покажала како најздрава положба.

Па така, прва причина е срцето. Со спиењето на левата страна, лимфните садови кои пумпаат кон срцето имаат помош од гравитацијата, при што овој орган многу помалку се оптоварува.

Слезената е најголемиот орган во лимфниот систем и е сместен на левата страна. Кога спиеме на оваа страна, слезината работи многу поефикасно. Основната причина за ова е гравитацијата заради која има поголем проток на крв во самата слезина и заради која подобро се филтрираат нечистотиите од организмот.

Исто така, доколку страдате од желудочни киселини, добро е да спиете на левата страна, бидејќи на тој начин спречувате киселините од желудникот да преминат во хранопроводот.

Познато е и дека спиењето на грб може да го попречи и отежни вашето дишење, а спиењето на десната страна може да биде опасно за вашиот дигестивен систем. Па затоа, уште вечерва потрудете се спиењето на левата страна да ви стане навика.