И овој петок сончево и топло време


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност и топло. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд во планинските подрачја.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 7 и дневна до 24 степени.

Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашата земја во недела попладне и во ноќните часови кон понеделник и тој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Од недела вечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер.

Во понеделник ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо.