Авто мото

И Кинезите се навлечени на бесни и луксузни суперавтомобили


После минатогодишното фијасло со AT96 суперавтомобилот, пекиншката „старт ап“ компанија Tecrules ја научи лекцијата и го претстави новиот суперавтомобил Ren, кој беше промовиран на саемот Женева 2017.

Бесното количе изгледа како вселенско летало отколку како автомобил, но не треба да го потценувате. Производителите го опишуваат како електрично возило на принцип на турбина на полнење со шестмоторна конфигурација (два кои ги снабдуваат со енергија предните тркала, и четири за задните) што на возилото му дава моќ од 1.287 коњски сили.

За брзина од 0 до 100 км/час му се потребни 2,5 секунди, а максималната брзина му е графирана на 320 км/час.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top