Хуманитарен концерт за одбележување на Денот на белиот стап – симбол на лицата со оштетен вид

Денот на белиот стап – симбол на лицата со оштетен вид

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 20ти Октомври 2017 година, во Дом на АРМ со почеток во 19:30 часот, Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот, организира MУЗИЧКИ КОНЦЕРТ за одбележување на Денот на белиот стап – симбол на лицата со оштетен вид.

Културното Уметничко Друштво на лица со пречки во видот “Билјана“ и Дуо Шкупи ќе се претстават пред публиката со класични и традиционални песни.

Како специјални гости на настанот ќе учествуваат:

  • Жарко Димитриевски (ТВ водител на емисијата “Еден на Еден“)
  • Кристина Арнаудова
  • Елена Петреска
  • Зуица Лазова
  • Виолета Томовска

Настанот има хуманитарен карактер и сите средствата од продадените карти ќе бидат донирани за потребите на лицата со оштетен вид во Република Македонија.
Цената на картите е 100 денари и истите може да ги подигнете во Проектната канцеларијата, лоцирана во Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје (поранешна стоковна куќа Мост) секој работен ден до 16 часот.

Или контактирајте ги на

  • Канцеларија 044/356-389
  • Вјоса 071/236-591
  • Велика 077/676-171

Се надеваме ќе уживате на концертот.