Хрватскиот генерал кој испи отров во хашката судница почина во болница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Слободан Праљак, кој денес во судницата во Хаг, за време на изрекување на пресудата, испи отров, почина во болница, пренесува „Јутарњи лист“.

На Праљак денес му беше потврдена пресудата од 20 години затвор, па за време на изрекување на одлуката тој испи отров во судницата.

„Генерал Праљак не е воен злосторник и со омраза ја отфрлам вашата пресуда“, рече Слободан Праљак по што внесе течност од мало шише.

Тој е еден од шесте поранешни босански Хрвати кои се осудени на злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства и силувања на босанските Муслимани.

Тој беше командант на Главниот штаб на ХВО кому утрово, поради воени злосторства, му беше потврдена првостепената казна од 2013 година.