Хорор во Прилеп: Пронајден мртов брачен пар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска беа пронајдени двајца мртви сопружници во прилепската населба Димо Наредникот. Според првичните информации од прилепското јавно обвинителство, станува збор за постара брачна двојка, а случајот бил пријавен од минувач кој го забележал безживотното телото на сопругот М.Н. (81) под балкон од зграда.

Според сознанијата, станува збор за убиство и самоубиство бидејќи во станот на брачната двојка е пронајдено и телото на сопругата И.Н. (78) со прострелна рана во главата од пиштол, а телото на сопругот било пронајдено под балконот.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.