Хорор во Карачи: Пожар во хотелот Regent Plaza – гостите бегале низ прозорци (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во пожар во луксузниот хотел Regent Plaza во пакистанскиот град Карачи настрадаа најмалку 11 луѓе, додека десетици се повредени.

Огнот започнал во просториите на кујната во приземјето, а гостите останале заробени на горните катови, објави дневниот весник на англиски јазик Доун.

Весникот повикувајќи се на неименуван лекар од најголемата болница во Карачи објави дека  најмалку 65 луѓе се повредени.

Хотелот има повеќе од 400 соби, а на објавените снимки се гледа како гостите врзани со чаршави се спуштаат низ прозорците од горните катови додека чад се шири низ хотелот.

Градоначалникот на Карачи Васем Ахтар изјави дека причината за пожарот се уште е непозната.

Многу згради во Пакистан не ги исполнуваат здравствените и безбедносните стандарди додека противпожарните служби имаат лоша и нессодветна опрема, објавуваат светските агенции.