Хорор на автопатот кај Велес: Излета автобус со туристи, почина една жена, дете остана без рака


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Почина една жена, што беше повредена во превртувањето на автобусот на автопатот меѓу Скопје и Велес, а на едно деветгодишно девојче му се ампутира раката на Детската хирургија во Скопје. Билансот од оваа несреќа беше вкупно 27 повредени.

Еден од повредените е на интензивна нега на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, но е надвор од животна опасност. Останатите 24 повредени исто така се надвор од животна опасност.

Министерот за здравство Арбен Таравари на својот Фејсбук профил информира дека повредени се згрижени на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски, во клиничкиот центар Мајка Тереза и во Градската болница Осми Септември во Скопје, како и во Општата Болница Велес.

Синоќа околу 19 часот во близина на зимскиот пункт Кула на автопатот меѓу Скопје и Велес автобус со македонски регистарски таблички изгубил контрола и излетал од коловозот. Сообраќајот беше во прекин, додека возилата на итна помош да ги пренесат повредените во болница.