Холивудска сага: Се појавија ИНТРИГАНТНИ ФОТКИ од тајниот хомосексуален живот на Кевин Спејси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Речиси 20 години стари фотографии од тајниот приватен живот на Кевин Спејси на кои е во интимен однос со непознат речиси двојно помлад маж, протекоа во американските медиуми.

Откако актерот Ентони Рап го обвини за обид за сексуална злоупотреба кога имал само 14 години, оскаровецот Кевин Спејси стана мета на повеќе обвинувања од таков калибар, по што и јавно ја призна својата хомосексуална определба и одлуката конечно без да крие да продолжи таков живот.

Но, ласцивните фотографии кои се направени пред Спејси да го освои својот Оскар за машката улога во American Beauty, во 1999 година, покажуваат дека и пред скоро 18 години актерот не го криел баш своето сексуално определување.

На фотографиите кои ги ископа Daily Mail се гледа како тогаш 41-годишниот актер се гали со непознат младич на 20-тина години во паркот, го масира и се гушкаат. Потоа го носи на ридот на Топанг, во Калифорнија, близу до местото каде што пораснал. Фотографиите ги направил папарацо кој во тоа време го следел и фотографирал Спејси како главен фаворит за најпрестижната филмска награда Оскар.

Фотките уште тогаш беа објавени во таблоидите, но оттогаш исчезнаа од јавноста, а Спејси го одржуваше својот јавен имиџ како хетеросексуалец до оваа година.