Хју Џекман не можеше да го сокрие разочарувањето дека не доби награда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Способноста за прифаќање на поразот отсекогаш била голема доблест и карактеристика, но некои едноставно не можат во даден момент да ги контролираат своите реакции.

Во таков урнебесен момент, на доделувањето на Златните глобуси, беше „уловен“ и Хју Џекман. Иако актерот има прилично голем позитивен холивудски багаж и стаж, не можеше да го сокрие неверувањето и разочарувањето кога во категоријата најдобар главен актер во комедија/мјузикл, наместо него, беше одбран Џејмс Франко.

Додека Франко го држеше својот славенички говор, Џекман имаше ужасно разорачран израз на лицето. Секако, интернет заедницата никогаш не спие кога станува збор за вакви работи, па луѓето веднаш „распалија“ по Џекман.