Музика

“Himna generacije“, песна за љубов кон секирација – најново видео од Дубиоза колектив


Новиот спот од Дубиоза колектив за песната Himna generacije е објавен на интернет. Станува збор за долгоочекуван прв сингл од новиот албум кој светлото на денот ќе го види кон крајот на оваа година.

„Откако со години неосновано не обвинуваат дека го претставуваме легитимниот глас на изгубената генерација, одлучивме конечно да ја злоупотребиме таа квалификација и да направиме пригодна музичка нумера на таа тема. На овие простори е омилена спортската дисциплина секирација на долги стази, доведена до совршенство во овој регион кој го направи светски шампион во супертешка категорија на секирање. Се секираме неселективно, без престан и кога се секираме, не дискриминираме теми по важност и влијание на сопствените животи. Не секира сè, од можноста за термонуклеарна војна на корејскиот полуостров, до изборот на Трамп за претседател и изборот на натпревар за најголем пејачки талент на месна заедница во Забрѓе. Ако некои помалку важни човечки опсесии како љубовта кон жените или алкохолот се опевани во безброј песни, тогаш и љубовта кон секирацијата заслужува макар една“, порачуваат од Дубиоза.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top