Хилари Клинтон го спореди Трамп со Милошевиќ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешната американска државна секретарка и неуспешен кандидат на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон, го спореди шефот на Белата куќа, Доналд Трамп, со Слободан Милошевиќ кој, како што рече,е човекот кој покрена етничко чистење за време на војната во БиХ.

Таа пред публиката на саем на книги во Њујорк изјави дека Трамп ја има истата таа карактерна црта да „потпалува соседи против соседи”, исто како што тоа го правел Слободан Милошевиќ, кого го опиша како „злобен диктатор”.