Спорт

Хејнкес ќе го предводи Баерн и следната сезона!?


Привремениот тренер на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес не ја отфрла можноста да остане на клупата на германскиот шампион и после 1-ви јуни кога му истекува договорот.

Искусниот 72-годишен стратег се врати по четврти пат на клупата на Баварците после смената на Карло Анчелоти, кој лошо ја започна сезоната.

На конкрентното прашање дали и следната сезона ќе остане на клупата на Баерн, Хејнкес даде интересен одговор.

„Задачата е голема. Во моите години тоа не е невозможно бидејќи сметам дека сум стар толку колку што се чувствувам. Од секогаш се одржувам во форма и добро се носам со притисокот и како играч и како тренер“.

„Фудбалот е забава. Знаев дека ќе ме прашате за ова, но се уште е рано да ви дадам одговор.За сега, тренер сум само привремено до крајот на сезоната, друго нема да коментирам ништо“, изјави Хејнкес на пресконференцијата.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top