Актуелно

Хаос во Србија: Шешељ и компанија не ја оставаа Могерини да зборува


Во Собранието на Србија се одржа посебна седница на која зборувашe високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, но почетокот на нејзиниото излагање се обидoa да го оневозможат пратениците на Српската радикална странка кои гласно негодуваа. Шешељ и неговите пратеници скандираа Србија, Русија,не ни е потребна Унијата и викаа УА.

На седницата присуствуваше и премиерот на Србија Александар Вучиќ, кој беше дочекан со громогласен аплауз. Во собраниската сала беа и пратениците на владејачкото мнозинство,Српската радикална странка,пратениците на движењето Двери кои пак подготвија транспаренти на кои на српски и на англиски јазик пишуваше Србија не му верува на Брисел.

Обраќањето на Федерика Могерини во салата го следеа и пратениците на Демократската странка,Либерално демократската пртија,Социјалдемократската партија.Во салата не беа присутни пратениците на движењето Доста беше.

Могерини на почетокот ги поздрави присутните пратеници со добар ден на српски јазик,посочувајќи дека и е чест што се обраќа во домот на српската демократија, а во текот на обраќањето на скандирањето се обрати на два начина,еднаш,со забелешка дека подготвила подолг говор, а потоа дека не се изморила и дека пратениците треба да ги чуваат грлата за обраќање на избирачите.

На седницата присуствуваат и претставници ан дипломатскиот кор во Србија. Федерика Могерини порано се сретна со претставници на граѓанските друштва. Како што е соопштено по состанокот,се разговарало за европските интеграции,владеење на правото,безбедноста,медиумските права,регионалните односи и заедничката надворешна политика на Србија и ЕУ со активна улога на граѓанското друштво во процесот на преговорите со ЕУ.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!