Хаос во Грција: Навивачите на Олимпијакос ги нападанаа фудбалерите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем инцидент го одбележа дербито во Грција на мечот меѓу Олимпијакос и АЕК.

Домаќините имаа водство од 1:0 до самиот финиш, но АЕК успеа во последните пет минути да направи комплетен пресврт и победи со 1:2.

Во тие моменти ситуацијата на трибините се вжешти, а навивачите на Олимпијакос со бакли влетаа на терен за да се „пресметаат“ со играчите на гостинскиот тим.

Полицијата реагирала со солзавец и спречила поголем инцидент на хулиганите кои со столчиња и бакли се обиделе да ги нападнат и полицајците и обезбедувањето.