Хаос: Пике дочекан со свирежи и навреди, Шпанците мораа да го прекинат тренингот (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, кој отворено ја поддржува независноста на Каталонија, со свирежи е пречекан на тренингот на шпанската репрезентација во Мадрид.

Навивачите на Шпанија на тренингот му порачаа на Пике да си оди од репрезентацијата. Дури мораше да реагира и обезбедувањето затоа што еден навивач носеше транспарент на кој пишуваше „Пике ти си болен“.

Потоа дел од навивачите кои присуствувале на тренингот извикувале: „Слобода на изразување“, „Заминувај“.

Бидејќи навредите кон Пике продолжиле, шпанскиот селекторт го прекинал тренингот по само 23 минути.

Дефанзивецот на Барселона порача дека е подготвен да ја напушти репрезентацијата доколку тоа од него го побара селекторот или Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Пике за Шпанија има одиграно 91 натпревар, а беше дел од тимот кој го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година. Претходно најави дека по Мундијалот во Русија ќе се повлече од националниот тим.