Хаос и нов пресврт: Санчез доби нова понуда, и тоа подобра од таа на Јунајтед


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Сити се откажа од потписот на Алексис Санчез, бидејќи „граѓаните“ не сакаат да ги исполнат барањата на Арсенал и неговите агенти.

Па поради тоа медиумите најавија дека Санчез кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, кој е спремен да му плати на Арсенал и агентите колку што бараат, притоа да го направат Чилеанецот најплатен фудбалер во Премиер лигата.

Меѓутоа, се уште ништо не е готово. Како што ексклузивно пренсува „Скај Спорт“ сега силно заинтересиран за Санчез е и Челзи, кој бара засилување во нападот.

Менаџерот на „сините“ Антонио Конте му наредил на раководството да се вклучи во трката за потписот на Санчез и да не им го остави на директните ривали.

Наводно Челзи е спремен да му понуди на Санчез и повеќе од тоа што му го понудил Јунајтед, па од целата ситуација може да профитира само Арсенал и да добие повеќе пари за слободата на Чилеанецот.