Хан: Македонија го трча последниот километар од маратонот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еврокомесарот Јоханес Хан и премиерот Зоран Заев имаат позитивни очекувања за европската перспектива на Македонија. Еврокомесарот упати и порака до опозицијата да биде критичка, но и конструктивна.

Позитивни пораки и очекувања за брз напредок на Македонија во европските интеграции искажаа премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан, кој нагласи дека Македонија го трча последниот километар од маратонот.

„Со задоволство слушам за различните проекти и активности кои се превземаат за да се постигнат резултати, што ќе овозможи позитивна препорака“, изјави Хан.

Особено значајни, според Хан се реформите во правосудството и разузнавачките служби, за кои се очекуваат резултати до крајот на годинава. Клучно во овој процес, како што рече тој, ќе биде опозицијата да ја одигра активно својата улога и да биде одговорна.

„Целта може да се постигне доколку сите одат во ист правец и ги потикнувам сите опозициони партнери да ја одиграат улогата и да бидат сополнително критични за да се постигнат сите рокови“, изјави Хан.

Премиерот Заев пак се осврна на постигнатите резултати од спроведувањето на планот 3-6-9, при што порача дека очекува на почетокот на следната година, земјава да добие препорака за старт на преговорите за членство во ЕУ.

„Ние ќе испорачаме резултати, зошто овие реформи се за наше добро и очекуваме нивно соодветно вреднување од европските институции. Време е да се направи исчекор и Македонија да биде извлечена од долгогодишната криза и со европскиот ветер да ја заокруѓи визијата за економски напредна и модерна држава“, изјави Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев посочи дека и покрај нерешниот спор со Грција, оптимизмот го темели на пријателскиот однос и зачестената комуникација помеѓу Скопје и Атина по долг период. Посетата на еврокомесарот Хан, според Заев доаѓа во клучен период за земјава, кога се прави проверка на постигнатите резултати во согласност со препораките на експертскиот тим на Прибе