Хакерски грабеж на криптовалути „тежок“ 530 милиони долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сомнежите велат дека за најголемиот грабеж на криптовалути во светот стојат хакерите на Северна Кореја.

Во разбојничкиот хакерски напад врз една од најголемите јапонски берзи за криптовалути – Коинчек, беа украдени дури 530 милиони долари.

Украдени се во криптовалутата XEM од дигиталните паричници на над 260 илјади корисници на Коинчек. Компанијата призна дека не користела неопходни мерки за заштита од сајбер напади, поради што вети дека на оштетените ќе им ги врати парите од сопствени средства.

Јапонските власти најавија дека ќе ги зголемат безбедносните мерки на сите криптоберзи во земјата за да се откријат евентуални безбедносни пропусти.

Иако крадците се уште не се идентификувани, јужнокорејската Национална разузнавачка служба на пратениците во парламентот им соопштила дека е можно Северна Кореја да стои зад сите грабежи. Тие додале дека оваа земја веќе во повеќе наврати минатата година извршила сајбер напади врз берзите на криптовалутите во Јужна Кореја и украле десетина милиони долари.