Гвардиола: Задоволни сме од резултатот, но ништо не е решено!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити и Монако синоќа го одиграа еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампионите, а тгимот на Гвардиола на крајот победи со 5:3

„Размислувавме само како да напаѓаме и напаѓавме. Монако оваа сезона има постигнато 80 голови, тие напаѓаат со многу играчи. Физички се силни, тие се навистина врвна екипа. Поради тоа се лидери во првенството. Ние сме задоволни од резултатот. Можеше да биде и подобро, но и полошо за нас“, изјави Гвардиола.

Сити водеше со голот на Стерлинг, потоа Фалкако и Мбапе направија пресврт до крајот на првото полувреме. Фалкао на почетокот на вториот дел промаши пенал, а Агуеро по картастрофалната грешка на Субашиќ израмни.

Потоа Фалкао постигна брилијантен гол за ново водство на Монако, а во последните 20 минути Агуеро, Стонс и Сане му донесоа предност на Сити од два гола пред реваншот во малото кнежевство.

„Имавме среќа. Менатлно бевме многу стабилни. Ова искуство ќе ни биде од голема помош во иднина. Монако има подолга историја во Лигата на шампионите, а во едно вакво натпреварување искуството е неопходно за да можеш да напредуваш. Секако ништо не е решено, во Монако може се да се случи“, додаде Гвардиола.