Гвардиола продолжува да пишува историја во Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја освои наградата за тренер на месецот во Премиер лигата и тоа рекорден четврти пат по ред.

Каталонскиот стратег е прв во историјата на Премиер лигата кој успеал да биде избран за најдобар четири пати по ред. Тој претходно ја доби оваа награда и во септември, октормври и ноември.

Во декември „граѓаните“ победија на шест од седум натпревари во шампионатот, вклучително и дерби пресметките со Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а запишаа едно реми против Кристал Палас.

Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн се израмни со легендата Стивен Џерард освојувајќи ја 6-та награда „фудбалер на месецот“.

24-годишниот англиски репрезентативец постигна осум гола во шест натпревари и стана рекордер со постигнати 39 гола во Премиер лигата во една календарска година.