Спорт

Гвардиола: Кој е фаворит во ЛШ? Каде игра Меси?


Манчестер Сити синоќа ја запиша 18-та победа по ред во Премиер лигата и ја продолжи својата импресивна серија.

После мечот англиските новинари го прашаа Гвардиола дали „граѓаните“ се фаворити во Лигата на шампиони оваа година.

Каде игра Меси? Во Барса, ете кој е фаворит во Лигата на шампиони“, кратко одговори Пеп.

„Зошто тогаш Меси игра фудбал, ако сме ние фаворити? Барселона е фаворит број еден и во тоа нема никаков сомнеж“, додаде Каталонецот.

Синоќа на натпреварот со Њукасл повторно се повреди Винсент Компани.

Не знам колку ќе паузира. Повторно се повреди како изминатите три години, но мораме да почекаме за да видиме колку време ќе биде надвор од терените“, искоментира Гвардиола.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top