Авто мото

Gumball 3000: 150 суперлуксузни спортски „ѕверови“ згрмеа низ Тиват и Дубровник


Познатото рели на суперспортски автомобили, Gumball 3000, во своето 19-то издание ја следи трасата од Рига до Миконос. Во средата караванот го посети Тиват, откако ден претходно го привлекоа вниманието во Дубровник.

Богатите обожаваат возбуда, брзо возење, забава и згодни девојки кои го следат луксузниот и адреналински „циркус“ Gumball 3000. Публиката сака да се фотографира покрај егзотичните авомобили кога ќе поминат низ нивниот град.

Суперавтомобилите, од кои многу се во сопственост на познати личности од светот на музиката и филмот, каде и да се појават го привлекуваат вниманието на вљубениците во спортските и луксузни модели.

Низ приморските градови на јужниот Јадран продефилираа модели од марките Pagani, Bugatti, Ferrari, Lamborghini, Porsche, Aston Martin, Rolls-Royce и многу други.

19-то издание на Gumball 3000 тргна од Рига со 150 автомобили кои се дел од оваа атрактивна „дешавка“. Досега поминаа низ Вилнус, Варшава, Будимпешта, Загреб, од каде се спуштија на Јадранското крајбрежје.

После забавата во Тиват, учесниците се селат на базен јахтинг клубот Porto Montenegro, каде ќе уживаат во луксузниот амбиент со поглед на марината и акваториумот од заливот на Бока Которска.

На чело на ова рели се наоѓа основачот на манифестацијата Максимилијан Купер, а во поворката се многу познати ди-џеи и други славни фаци.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!