Славни

Ѓубрето не заслужува ни куршум: Турман за сексуалната злоупотреба од Вајнстин


Славната актерка Ума Турман минатата година откри дека била мета на сексуалната аграсија на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин. Таа сега откри и детали од нападот на Харви врз неа.

Во интервју за New York Times, Ума Турман изјави дека Вајнстин ја злоставувал во хотелска соба во Париз кон крајот на 90-тите, по излегувањето на филмот “Pulp Fiction” 1994 година.

„Ме турна, сакаше да се фрли врз мене и да ме соблече. Направи многу неугодни работи“, вели Турман, која Вајнстин се обидел да ја силува, но му побегнала.

Неговиот портарол вели дека Вајнстин признава дека и се додворувал на Турман, затоа што погрешно ги протолкувал нејзините знаци во Париз. Веднаш и се извинил.

Таа откри дека на како тинејџерка била присилена на секс со актер постар 20 години од неа. Не сакаше да го открие името на актерот.

„Се чувствувам лошо поради тоа што нападна жени и после мене. Мило ми е што се полека му се враќа затоа што не заслужува куршум“, вели Турман.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top