„Губев свест, тој постојано беше врз мене“: Плус-сајз манекенката откри дека била силувана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Плус-сајз“ манекенката Марија Хименез Пацифико се придружи на интернет движењето #metoo и откри дека два пати била силувана.

Пацифио е една од најпознатите колумбиски „плус-сајз“ манекенки, а сними кампањи за брендови од рангот на „Дороти Перкинс“, „Зара“ и „Линдекс“. Во интевју за „Ел Еспектадор“, манекенката откри дека кога имала само 15 години била силувана и тоа од нејзин пријател.

„Ме повика на забава кај него дома. Пиевме алкохол и ми понуди да ме префрли до дома. Ми рече дека сака да се погрижи за мене. Чекоревме кога одеднаш ме турна на земја и ме силуваше“, опишува Хименез.

Седум години подоцна повторно била силувана, откако во нејзината пијачка некој подметнал дрога за силување.

„Кога се разбудив, видов непозната личност, не можев да мрдам. Некој ми стави дрога во пијачката. Тој човек ме силуваше, губев свест неколку пати, но секој пат кога ќе се освестев, го гледав него врз мене“, додава Марија.

Таа силувањето го пријавила во полиција, но извршителот на грозното дејство никогаш не бил осуден бидејќи доживеал несреќа во која го загубил памтењето.

Пацифио открива дека долго време верувала оти сама е виновна за силувањето, па не сака и другите жени кои минуваат низ истите ситуации да се соочуваат со таквата вина.