Актуелно

Груевски: На СДСМ му нудиме малцинска влада по цена СЈО да продолжи со работа


ВМРО ДПМНЕ подготвува политички документ кој нема да ја наруши унитарноста на државата за излез од кризата, кој деновиве ќе биде усвоен од Извршниот комитет и потоа ќе им биде понуден на сите поголеми партии во Македонија, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера вечер во интервју за ТВ Канал 5.

Според него, тој документ никого не фаворизира како партија ни како етничка заедница.

Нашата партија ќе се однесува во рамките на дозволените по закон работи. Никој не може да предвиди што ќе прави народот. Народот е над политичарите. Нека му ја мисли тој што оди против волјата на народот. Ние понудивме две решенија, брзи предвремени парламентарни избори заедно со локалните или СДСМ да се откаже за платформата на албанските партии, односно да прифати малцинска влада при што сите министри би биле од СДСМ. Кажавме дека сме подготвени дури и на лична жртва, да продолжи со неговото СЈО, да ни прави политички прогон, да нѐ апси, што сака нека прави, нека удри по нас, нека ја остави Македонија. Сѐ уште важи понудата. СЈО работи на тоа да се задуши ВМРО ДПМНЕ со обвиненија, сите ние да се занимавеме со судења и да не се занимаваме со парламентот. Тоа е планот, тоа е акција не само да се оди кон поединци на ВМРО-ДПМНЕ, кон целото раководство на ВМРО ДПМНЕ, да се нападне партијата, да се блокира нејзината сметка, да се заплени нејзиниот имот, рече Груевски.

Тој смета дека сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан, се гони за да се задуши телевизијата, која, како што рече, сака да му ја објасни вистината на народот.

Очекуваме од Хан да ја осуди платформата договорена во Тирана, да осуди мешање на други држави во нашата држава, рече Груевски.

Според него, лидерот на СДСМ, Зоран Заев е преплашен за неговата иднина, зашто ќе треба да одговара за криминал и затоа се обидува да дојде за премиер и да влијае врз судиите.

Тој потсети дека законот за двојазичноста е донесен во 2008 година.

Кога ВМРО ДПМНЕ нема мнозинсто во парламентот единствено народот може да ја одбрани државата, рече Груевски.

На прашањето како е да се биде Никола Груевски во последно време, тој одговори:

Јас и сите граѓани, живееме во историско време, за жал, ова време е такво во кое некој сака да ја разнебити нашата држава. Возбудливо е, предизвик и обврска да се направи се што е во моја моќ. Некои Македонија ја гледаат како непланирано вонбрачно дете.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top