Актуелно

Грците му испратија пакет со експлозив на германското Министество за финансии


Пакетот со „експлозивна мешавина“, откриен вчера во Министерството за финасии на Германија бил испратен од Грција, соопшти грчката полиција која наведува дека министерот за внатрешни работи го презел случајот откако за тоа добил информации од германската полиција.

Со поштански печат од Грција пакетот бил со името и адресата на испраќачот, како и логото на главната опозициска десничарска партија Нова демократија. Наведениот испраќач бил политичарот Андонис Георгијадис од крајната десничарска популистичка фракција на Нова демократија.

Грчката полиција истражува како е можно пакет со експлозив да биде испратен во странство.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!