Актуелно

Грчки Стар објави: Ќе се разговара за НОВА МАКЕДОНИЈА на средбите со Нимиц!


Откако поминаа години во кои Грците не убедуваа дека сакаат име со географска одредница за да се направи дистинкција од ’нивната’ Македонија со нашата, сега се испишмануваат, па името што сакаат да ни го стават всушност е име на наш дневен весник.

Македонската политика на попуштање во однос на спорот што Грција го има со нашето име, веројатно ќе даде резултати. Барем така се надеваат во Грција, особено по промената на власта во Македонија. Сегашните власти покажуваат кооперативност, а тоа за грчката јавност е знак дека имаат шанса да ни бидат кумови, на име кое ти ќе го посакаат.


Така, грчката телевизија „Стар“ вели дека „Нова Македонија“ е предлогот за кој ќе се разговара во Брисел на средбата на медијаторот Метју Нимиц со претставниците на Македонија и на Грција.

Во прилогот објавен во централните вести на телевизијата, се нагласува дека доколку Скопје се согласи со овој предлог ќе се отвори патот за решавање на прашањето за името во првата половина на 2018 година, како што најавија и премиерот Алексис Ципрас и шефот на дипломатијата Никос Коѕиас.

„Стар“ наведува дека првичниот грчки предлог бил „Вардарска Македонија“, но сега се дошло до предлогот „Нова Македонија“, како што било во 1992 година во т.н. пакет „Пинеиро“, што тогаш бил одбиен.


Иако повеќе години инсистираа на име со географска одредница како „Северна Македонија“, сега според грчката ТВ Стар, тоа не е повеќе прифатливо, бидејќи, како што се наведува, не би го спречил иредентизмот на Скопје и имплицира постоење и на јужна Македонија, што не е прифатливо и за Бугарија.

Притоа се потсетува на изјавата на Ципрас за „Стар“ дадена по стапувањето на власт, во која вели дека Грција згрешила што пред 20 години не го прифатила пакетот „Пинеиро“ кој предвидувал сложено име со географска одредница, што според него, би било добро решение за спорот.

„Стар“ коментира дека сега прашањето е како предлогот ќе помине во грчката Влада, особено кај Панос Каменос, коалицискиот партнер на Ципрас, кој досега остро се противеше зборот Македонија да стои во името на северниот сосед. Што се однесува на Парламентот и опозициската Нова демократија, „Стар“ го пренесува очекувањето на Ципрас дека тоа нема да биде проблем, бидејќи предлогот ќе биде прифатлив за некои опозициски пратеници со што ќе се овозможи да помине во законодавниот дом.

Грчките медиуми денеска објавуваат и дека планираната работна вечера на Метју Нимиц со претставниците на двете земји – Адамантиос Василакис и Васко Наумовски, синоќа не се одржала поради лошите временски услови на аеродромот во Брисел и неможноста на медијаторот навреме да пристигне.

Новата рунда разговори за името е планирана за денеска, по што Нимиц ќе одржи и прес-конференција во зградата на Регионалниот инфо центар за Западна Европа на ОН (UNRIC).

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top