Актуелно

Грозоморен канибализам: Руски монструм ја убил и ја јадел својата девојка


Новите детали кои беа соопштени во врска со убиството на 20-годишната Мирела Батановиќ од страна на нејзиниот дечко, 20-годишниот Александар од Русија, кое се случи во Салцбург, ја шокираа и згрозија јавноста.

Како што објавија дел од медиумите, Александар по убиството на телото на убиената нацртал симбол, а потоа отсекол и изел делови од телото на Мирела.

Тие двајца никогаш не живееле заендо, но според кажувањата на тие што ги познавали, биле неразделни. Нивниот однос се променил во последниот период, а имало и жестоки расправии.

Според австриските медиуми, причина за убиството не била љубомора туку култен ритуал. Иако убиецот за време на полициското сослушување изјавил дека морал да ја убие Мирела бидејќи го изневерила, ОРФ пишува дека тоа не е вистина. Спред нивните сознанија, на нејзиното тело имало култен симбол, а според извори Александар прво ја силувал Мирела, па потоа ја убил.

За време на истрагата, убиецот детално опишал како ја убил и како се испланирал. Тој кажал дека за начините за извршување на убиството се информирал од интернет, а најмногу го интересирале правните последици од убиството.

Александар ја уби Мерила со 50 убоди со нож, потоа го распарчил нејзиното тело, а некои делови ги изел, што потврдила и обдукцијата.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top