Грешка што скоро сите ја правиме со новогодишната елка -може да е опасна по живот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Незгодите кои се случуваат во текот на новогодишните празници може да ви ја упропастат забавата и уживањето.

Пожарникарите секоја година предупредуваат дека многу несреќи се случуваат кога ќе ја занемариме новогодишната декорација. Како и нејзината правилна употреба, а еден од главните причинители на пожар може да биде токму елката.

Дали сте од оние кои преферираат природно дрво наспроти вештачките? Тогаш имаме важно предупредување за вас: поливајте го редовно новогодишното дрво.

Лондонската пожарникарска служба објави снимка на која посочува дека до разорен пожар може да дојде за само 40 секунди, доколку осветлувањето на елката ја запали.

На снимката може да видите колку брзо гори дрвото кое не е поливано и се претвора во пламен за неколку секунди. Додека пак на дрвото кое е редовно поливано му треба повеќе време да се запали и предизвика катастрофа.

Се надеваме дека после снимката ќе ја сфатите сериозно оваа работа и ќе посветите повеќе време на оваа проблематика.