Спорт

Грешка на векот: Го одбиле Кејн бидејќи мислеле дека е премногу буцкаст!


Хари Кејн во претходните неколку години прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, па сега само прашање на време е кога ќе го напушти Тотенхен и во кој европски гигант ќе ја продолжи кариерата.

Сонот на Хари Кејн како дете бил да заигра за Арсенал и бил на само чекор неговиот сон да се исполни. Кејн тренирал со „топџиите“, но луѓето од Арсенал одлучиле дека тој не е доволно талентиран за да биде дел од нивниот клуб.

Сега во Арсенал сигурно жалаат што Кејн не е нивни играч, туку на лутиот ривал Тотенхем. Некогашниот играч на „топџиите“ и човек кој е дел од луѓетп кои го одбиле Кејн, Лиам Бреди, објасни зошто донеле таква одлука.

„Беше буцкаст, не беше атлетски тип и ние направивме огромна грешка поради тоа. Тотенхем го испраќаше на позајмица во нисколигаши, но тој беше одлучен да успее и да направи одлична кариера. Ние имавме погрешно мислење за него на основа на неговиот изглед и ја направивме најголемата грешка“, изјави Бреди.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top